Поврзете се со нас

Балкан

Луда завршница во турското дерби: Фенербахче предвреме се израдува на победата, Клајбурн ги „поздрави“ со звукот на сирената (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AnadoluEfesSK

Фенербахче и Анадолу Ефес се два лути ривали во Турција, а само за еден од нив ќе има место во големото финале, поточно борбата за пехарот.

Фенер го уништи Ефес во првиот меч (108-66), но во вториот видовме невидена драма по која гостинскиот тим успеа да слави со 92-90 и да израмни на 1-1 во оваа полуфинална серија.

Неверојатни беа завршните десет секунди, прво Најџел Хејс Дејвис украде топка и успеа со забивање да донесе предност за домаќинот, односно голема радост на сите присутни во салата кои помислија дека ќе успеа да дојдат до победа.

Ама до крајот останаа уште шест секунди во кои Вил Клајбурн ја презема одговорноста и погоди тешка тројка со звукот на сирената за славје на четата на Атаман.

Домашниот стратег Димитрис Итудис и ја фрли таблата откако неговиот тим го прими тој луд кош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни