Поврзете се со нас

Евролига

Луда завршница во Евролигата: Мициќ погоди тројка пред звукот на сирената, Ефес прв финалист во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Koшакарите на Анадолу Ефес славеа драматична победа над Олимпијакос од 77-74 во првото полуфинале на завршниот турнир во Евролигата што се одржува во Белград.

Турскиот прволигаш кој воедно е бранител на трофејот во ова натпреварување успеа да триумфира во оваа исцрпувачка и неизвесна битка која ја реши српскиот репрезентативец Василије Мициќ. Имено Хасан Мартин погоди на 20 секунди до крајот за нерешени 74-74 по што тренерот на Атаман повика тајм аут по кој топката заврши кај Мициќ кој чегаше, чекаше и успеа да погоди тројка преку Везенков за победа на клубот од Истанбул.

Србинот со 15 поени беше трет стрелец зад Брајант со 16 и Ларкин со 21 кош, додека кај поразените резервистот МекКисик уфрли 20 поени.

Во второто полуфинале ќе се соочат шпанските великани Барселона и Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни