Поврзете се со нас

Евролига

Луда завршница во Баскија: Клајбурн со „3+1“ и пресуди на Басконија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/VirtusSegafredo

Италијанскиот претставник Виртус Болоња оствари луда победа над Басконија од 82:81 во Евролигата.

Домаќините ја имаа победата в џеб со оглед на тоа што на 4 секунди до крајот водеа со 81:78, но последниот напад на гостите одлучија да го бранат наместо веднаш да направат фаул за два поени, одлука која им се удри од глава.

Имено Клајбурн и Шенгелија ја пренесоа топката до другата страна на теренот, а овој првиот успеа да погоди тројка под прекршок од Монеке.

Така Вил со „3+1“ комплетно го смени резултатот и донесе големо славје за Виртус, но и ги разочара домаќините кои едноставно не можеа да поверуваат што ги снајде во последните мигови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни