Поврзете се со нас

НБА

Луда завршница на вториот финален натпревар, Дејвис со звукот на сирената донесе победа за Лејкерси (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до предност во финалната серија на Западот од 2:0 откако со 105:103 во екстра возбудлива завршница славеа против тимот на Денвер Нагетс.

„Езерџиите“ до победата стигнаа со кош на Ентони Дејвис постигнат буквално со звукот на сирената.

Токму Дејвис беше најрасположениот играч кај Лејкерси запишувајќи 31 поени и девет скокови зад своето име. Одличен натпревар одигра и Леброн Џејмс кој запиша 26 поени од кои дури 21 беа постигнати во првото полувреме. На овие поени Леброн додаде и 11 скокови и четири асистенции.

Кај Денвер стандардо одличен беше Никола Јокиќ кој уфрли 30 поени, додека Џамал Мареј застана на 25 поени.

Лејкерси го имаа последниот напад на натпреварот, но Карузо не успеа да реализира шут за отворена тројка. Пол Милсап не успеа да има дефанзивен скок, па „езерџиите“ имаа уште две секунди за да ги средат работите.

Тогаш на сцена стапи Дејвис кој со звукот на сирената испрати удар преку човек кој беше прецизен и кој на неговиот тим му донесе втора победа во серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни