Поврзете се со нас

Италија

Луда завршница на „Бриантео“: Два гола паднаа во судиското продолжение, Гати го израдува Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Фудбалерите на Јувентус издвојуваа драматична победа над Монца од 2-1 во првата средба од 14. коло во првата италијанска лига.

Избраниците на Алегри беа на чекор од триумф во нивен стил, победа од 1-0 кога ја имаа џебот до 91 минута кога Карбони ги шокираше гостите за ерупција на „Бриантео“.

И кога се чинеше дека тешко Јуве ќе закрепне од овој удар, великанот пронајде начин да дојде до трите бода и тоа со погодокот на дефанзивецот Гати во 94 минута. Со ова славје, трите бода клубот од Торино дојде до лидерската позиција со поен предност во однос на Интер кој има тешко гостување кај Наполи.

Кога се во прашање „бјанконерите“ треба да се каже дека тие водеа со погодокот на Рабио во првото полувреме, но и дека Влаховиќ претходно не реализираше удар од 11 метри.

За Јуве ова беше прва победа и први голови против Монца во Серија А. Минатата сезона фаворитот ги загуби двете средби со 1-0 и 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни