Луда тројка на Препелиќ за драматична победа на Хувентуд во Еврокупот (Видео)

Prepelic

Шпански Хувентуд оствари драматична победа над Дарушафака во рамките на Еврокупот (85:82), а тој успех го реализираше благодарение на неверојатната тројка во последната секунда на Клемен Препелиќ.

Тимот на нашиот Нено Димитријевиќ се мачеше против турскиот ривал, Дарушафака имаше напад за предност, но откако не реализираше, Препелиќ ја зема топката и од својата половина испрати шут по кој топката заврши во мрежата по активирањето на сирената.

Димитријевиќ одигра нешто повеќе од 15 минути, постигна 8 поени, а имаше и 2 скока и 3 асистенции.

Facebook Коментари