Поврзете се со нас

Формула 1

Луда трка во Баку: Ферстапен и Хамилтон губитници на денот, Перез првпат победи за Ред Бул

Објавено

на

Формула 1 трката во Баку заврши со победа на Серхио Перез, кој профитираше најмногу од малерозните моменти на Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Луис Хамилтон лесно го презема водството од Шарл Леклер во почетните кругови, но во продолжение возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез направија предност со побрзите влегувања во боксот, па овој двоец во финишот имаше предност во однос на ривалот од Мерцедес.

Најпрвин Ленс Строл заврши во заштитната ограда поради пукнат пневматик, а истото му се случи и на Ферстапен на пет кругови до крајот, што беше голем шок за тимот на Ред Бул и за Холанѓанецот кој не го криеше разочарувањето на и покрај патеката.

Трката беше прекината на три круга до крајот, а по рестартот Перез тргна лошо, Хамилтон ќе го престигнеше, но поради проблеми со сопирачките, не го фати првиот свијок и прокоцка многу поени, вклучувајќи го и преземањето на водството во генералниот пласман.

Перез ја задржа првата позиција за прва победа како возач на Ред Бул, а трката во Азербејџан донесе многу радост и за Себастијан Фетел кој со второто место првпат се најде на подиумот како возач на Астон Мартин. Победничкиот пиедестал беше комплетиран со Пјер Гасли од АлфаТаури.

Бодови освоија уште и Леклер, Норис, Алонсо, Цунода, Саинц, Рикиардо и Раиконен, додека Хамилтон ја заврши трката на претпоследното 15. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни