Поврзете се со нас

Италија

Луда трансфер приказна: Пред три години испорачувал машини за перење, вчера позираше со дресот на Милан (Фото)

Објавено

на

Во последниот ден од летниот преоден рок, Милан ги потпиша Јасине Адли од Бордо и Жуниор Месијас од Кротоне, со тоа што овој вториот ангажман брзо се најде во центарот на вниманието на италијанската спортска јавност поради необичниот пат кој го имаше Бразилецот.

Месијас си го оствари животниот сон на 30-годишна возраст и потпиша за еден од најголемите клубови во светски рамки, неполни три години по настапите кои ги имал во Серија Д за клубови како Касале, Чиери и Гозано.

Италијанските медиуми откриваат дека неговата приказна е навистина симпатична и несекојдневна за фудбалската елита бидејќи добил вистинска шанса во елитниот фудбал од Кротоне во 2019-та година, откако претходно со настапите во Серија Д не собирал доволно средства за преживување, па морал да се снаоѓа и со препродажба на тули од градилишта и испорака на машини за перење.

Во новата сезона, офанзивниот фудбалер ќе биде дел од ростерот на Пиоли и ќе го носи ценетиот дрес на „росонерите“, кои за едногодишната позајмица му платија на Кротоне 2,6 милиони евра.

Милан задржа право и за откуп на целиот договор по крајот на оваа натпреварувачка сезона, а доколку се одлучи за тоа, сумата ќе изнесува 5,4 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни