Поврзете се со нас

АТП

Луда ситуација: Кирјос освои нереален поен откако топчето двапати удри во мрежа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OBNmontreal

Хуберт Хуркач ја прекина импресивната победничка серија на Ник Кирјос во изминатиот период и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монтреал, откако повторно успеа да добие една драма со австралискиот тенисер.

Полјакот го победи Кирјос во финалето во Хале пред настапот на двајцата на Вимблдон, по што следеа 15 победи на 16 меча за Кирјос, кој денеска одново беше поразен во три сета од Хуберт.

Четвртфиналето во Канада изобилуваше со атрактивни потези и Хуркач го скрши отпорот во третиот сет со 6:1, бидејќи претходно беше максимално изедначено.

Хуркач го доби првиот сет во тајбрејкот, Кирјос возврати во вториот со иста мера, но во овој дел од играта, освои еден поен кој е навистина нереален.

Топчето удри двапати во мрежата и заврши во полето на Хуркач без Полјакот да има време за одговор, па вџашен од целата ситуација остана и Кирјос кој не можеше да поверува каков поен освои во ситуацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни