Луда сцена во Рим: Топчето заглави во жива ограда, високиот Дел Потро доби неочекувана задача (Видео)

delpo-ziva

Светските тенисери вчера беа приморани да одиграа по два меча на Мастерсот во Рим, сето тоа како последица на пропаднатиот ден во средата кога беше откажана цела програма поради лошите временски услови.

Поради тоа, организаторите на Мастерсот во Рим мораа да ги искористат сите тениски капацитети на Форо Италико, а во таква ситуација, Хуан Мартин Дел Потро играше на еден од терените предвидени за тренинг. Аргентинецот денес ќе го гледаме во четвртфиналето како противник на Новак Ѓоковиќ, но вчера ни докажа дека може одлично да одговори и во улога на собирач на топки, особено кога топчето ќе заврши во жива ограда….

Facebook Коментари