Поврзете се со нас

Англија

Луда сцена во Англија: Вимблдон го победи најлутиот ривал со гол во последната минута (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AFCWimbledon

Натпреварот меѓу АФЦ Вимблдон и МК Донс го привлече вниманието на фудбалската јавност поради големото ривалство меѓу двата клуба и начинот на кој беше решен победникот на вчерашното соочување.

Некогашниот Вимблдон беше купен од нови сопственици кои го префрлија клубот во Милтон Кинс и го преименуваа во МК Донс, додека дотогашните фанови решија да формираат нов клуб, кој сега го носи името АФЦ Вимблдон.

Средбата се играше во рамките на англиската Лига 2 или четвртиот ранг на англиската фудбалска сцена, а АФЦ Вимблдон го доби натпреварот со погодок во 94. минута.

Херој на домашните фанови беше Ронан Кртис, а неговиот гол предизвика вистинска лудница на стадионот, каде се славеше големата победа и прекинувањето на негативната серија на домашниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни