Луда голеада за старт на Серија А: Фиорентина и Наполи постигнаа седум гола на „Артемио Франки“ (Видео)

napoli-

Јувентус со минимални 0:1 ја победи Парма на гостувањето, но ако првиот меч со кој беше отворена новата сезона не понуди многу возбудувања, вториот на програмата беше навистина нешто посебно.

Фиорентина и Наполи се погрижија за луда голеада на „Артемио Франки“ во која видовме дури седум погодоци, а како поуспешен се излезе гостинскиот тим кој на крајот славеше со 3:4. Домаќините од Фиренца поведоа со голот на Пулгар од белата точка, Мертенс израмни на 1:1 во 38-та минута, а истиот играч изнуди чуден пенал пред крајот на првиот дел. Лоренцо Инсиње го комплетираше пресвртот со прецизна реализација, а потоа во вториот дел следеше вистинско лудило.

Миленковиќ израмни на 2:2 во глава во 52-та минута, но четири минути подоцна, Наполи повторно имаше водство по прецизниот удар на Калјехон. Домашниот состав не се откажа и брзо израмни на 3:3 преку Кевин Принс Боатенг во 65-та минута, но радоста траеше само 120 секунди бидејќи по една одлична комбинација, Инсиње погоди во празната мрежа за 3:4. Иако имаше обиди на двете страни до крајот, овој резултат се покажа како конечен, а со истиот Наполи ги освои првите три бода на доста тежок терен.

Инаку, сласта на Калчо лигата оваа вечер ја почувствува и нашиот Елиф Елмас, кој од Карло Анчелоти ги доби последните 20 минути од средбата.

Facebook Коментари