Поврзете се со нас

Франција

Луд пенал од капитенот на Лион: Депај изрежира еден од најдобрите „паненка“ удари на сите времиња (Видео)

Објавено

на

Олимпик Лион оствари висока победа на гостувањето кај Ница и се врати на врвот на табелата во Лига 1, но сепак цела Франција повеќе зборува за изведениот пенал на Мемфис Депај, отколку за освоените три бода на гостите.

Во моменти кога се уште неизвесно е дали капитенот ќе остане во Лион и по крајот на јануарскиот преоден рок, Депај докажа дека засега максимално е концентриран на настапите за својот тим, режирајќи една брилијантна „паненка“ која според многумина е една од најдобрите во историјата.

Француската јавност и угледните медиуми почнаа да пишуваат за една од најперфектните „паненки“ на сите времиња, бидејќи ударот на Депај беше навистина изворедно добар и топката хируршки заврши под гредата.

Со ова ремек-дело од белата точка беше отворен резултатот и Лион поведе со 0:1, а до крајот гостите постигнаа уште три погодоци и славеа со 1:4.

Трите бода на гоствуањето во Ница го враќаат тимот на Гарсија на првото место на табелата, со тоа што ПСЖ утре ќе има шанса одново да отиде на „плус еден“, секако ако победи на тешкото гостување кај Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни