Поврзете се со нас

Лига на нации

Луд натпревар во Дортмунд: Германија водеше 3:0 против Италија, па едвај го дочека последниот судиски свиреж (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Германија и Италија понудија неверојатна фудбалска претстава оваа вечер на „Сигнал Идуна парк“во Дортмунд, дерби пресметка која ќе остане во сеќавање по чудниот контраст кој го гледавме во првото и второто полувреме.

Домашната селекција беше исклучително доминатна во првите 45 минути и постигна три голови кои можеа да бидат и четири или пет, но предноста од 3:0 не се покажа како доволно висока за мирен тек и лесна завршница на натпреварот.

Германија даде три гола преку Кимих, Мусиала и Клајндинст, но ниту бизарно примениот гол од корнерот не ги поремети Италијанците кои излегоа со друга енергија во вториот дел.

„Аѕурите“ си го обелија образот во продолжението и успеаја да се вратат со двата погодоци на Кин, а потоа и да израмнат преку Политано на 3:3 во 95-та минута.

Италија доби речиси две минути да брка четврти гол и продолжение, но на крајот не успеа во тоа и мораше да се помири со реми и елиминација во четвртфиналето во Лигата на нации.

Головите од фудбалскиот спектакл погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни