Поврзете се со нас

Германија

Луд натпревар во Бундеслигата: Вердер губеше 3:0, па направи неверојатен пресврт и испиша историја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/werderbremen_en

Во Германија се игра брз, отворен и напаѓачки фудбал, а уште една потврда за тоа се денешните два натпревари на кои видовме дури 13 погодоци.

Еден од нив беше оној меѓу Хофенхајм и Вердер Бремен на кој имаше пресврт за испушување на нова страница во историјата на Бундеслигата.

Домаќините тргнаа фуриозно и по 12 минути игра водеа со 3-0, но во 18 минута останаа со играч помалку што максимално беше искористено од гостите од Бремен.

Од 21 до 39 минута реализираа три пати за 3-3 за да на стартот на вториот дел Стејџ дојде до хет-трик и 4-3 за Вердер.

До крајот немаше промени, па така Вердар за првпат во својата историја (Бундеслигата) успеа да слави на меч на кој бил во негатива од три гола. Воедно овој тим е и првиот во најсилната германска конкуренција кој победил на натпревар на кој по 12 минути губел со 3-0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни