Поврзете се со нас

Италија

Луд меч со многу пресврти во Милано: Интер во драма го скрши отпорот на Фиорентина (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Фудбалерите на Интер излегоа како победници од драматичниот натпревар со Фиорентина кој оваа вечер се одигра на „Џузепе Меаца“.

Домаќините издвојуваа победа од 4-3 и со тоа победнички ја отворија новата сезона во Серија А. До трите бода избраниците на Антонио Конте дојдоа со головите на Лукаку во 87 и на Д Амброзио во 89 минута. Претходно „виолетовите“ поведоа преку Куаме уште во раната фаа (3 минута), домаќините одговорија со головите на Мартинез и Чекерини (автогол) за да потоа на сцена одново стапат гостинските фудбалери кои од 57 до 63 минута го свртеа резултатот.

Ветеранот Рибери додели два асистенции, а реализатори беа Кастровили и Киеза. На крајот фаворитот го имаше последниот збор, па со три бода ќе оди на гостување кај Беневенто предводен од Пипи Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни