Поврзете се со нас

Германија

Луд меч на БајАрена: Леверкузен трипати водеше, ама загуби од Дортмунд (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Баер Леверкузен трипати водеа на денешното дерби против Борусија Дортмунд во Бундеслигата, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат на „БајАрена“.

Популарните „фармацевти“ водеа со 1-0, 2-1, 3-2, ама на крајот мораа да му честитаат на противникот кој беше упорен, покажа карактер и се избори за славје од 4-3. Вирц, Шик и Диаби стрелаа за домаќините, додека на спротивната страна одговорите стигнаа преку Халанд, Брант, Гереро и повторно Халанд кој донесе три бода за „милиоонерите“ во 77 минута.







Ова за Дортмунд беше трета победа во четвртиот сезонски натпревар со што е на второто место зад лидерот Волфзбург кој по денешното славје над Гројтер Фирт од 2-0 има четири од четири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни