Светски првенства
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)

Шпанија во било кој спорт во безброј наврати покажала дека не смее да се отпише и во ситуации кога делува загубено, а тоа вечерва на дело беше презентирано и на Светското ракометно првенство.
Натпреварот кој се одигра во Осло донесе неверојатна драма до завршната секунда од мечот, па така на крајот гледавме како „фуријата“ на херојски начин се изборува за исклучително добро реми со Шведска.
Скандинавците беа во доминантна улога во најголем дел од натпреврот и имаа предност од плус седум голови во завршницата од првото полувреме, па иако одржуваа шест позитива на стартот на вториот дел, истата почна да се топи во продолжение.
Шпанците заиграа поагресивно во одбрана и стигнаа до прво израмнување во последната минута од натпреварот (28:28), но потоа следеше нов гол на Шведска за предност.
Сепак, ракометарите во црни дресови постигнаа израмнувачки гол преку Алекс Душебајев во својот последен обид, за потоа Даниел Душебајев да реагира јуначки со одбрана во стил на голман во последните секунди.
На крајот дојде до поделба на бодовите, па така и двете селекции ќе пренесат по три бода во втората фаза.
Vintage Alex Dujshebaev levels it for Spain with the last shot!!
Spain come back from 6 down to claim a crucial draw! pic.twitter.com/1DvkzJabLs
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 20, 2025
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)