Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луческу во најнеповолни услови пристигна на „Камп Ноу“, па нагласи: Оваа Барселона не може да ја освои ЛШ

Објавено

на

Динамо Киев пристигна со само 13 играчи во Барселона поради Ковид кризата која го зафати првиот тим, па до вечерва беше вистинска енигма дали ќе гледаме утре натпревар на „Камп Ноу“.

Доколку се појавеше уште еден заразен во тимот на Динамо, натпреварот ќе беше автоматски одложен поради новите корона-протоколи кои ги воведе УЕФА, но вечерва пристигна информација дека сите 13 фудбалери кои пристигнале од Киев се негативни на последните тестови од европската Федерација.

Тоа значи дека Динамо видно десеткуван ќе се соочи со Барселона, а тренерот Луческу не криеше дека за него и неговиот тим ќе било многу подобро ако се појавел уште еден позитивен тест вечерва.

– Имавме надеж дека сите ќе бидеме негативни и така испадна. Сепак, наш проблем е тоа што натпреварот е утре. Како тренер, ќе беше многу подобро за нас да играме во други околности и во друг термин, но сега мора да го прифатиме ова. Ќе беше подобро да има барем уште еден позитивен и да играме друг ден, – изјави искусниот Луческу кој посочи дека тимот на Барселона доживува транзиција со Куман, за која е потребно време и трпение.

– По натпреварот против Баерн Минхен, беше јасно дека е потребна реконструкција во тимот. Оваа Барселона сега има огромен талент, но потребно е време да го сфати механизмот на новиот тренер. Во овој момент, Барселона го нема потребното ниво за да ја освои Лигата на шампионите. Баерн, Сити или ПСЖ се пред нив и имаат поголеми шанси, – додаде Луческу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни