Поврзете се со нас

Англија

Луческу: „Самоказнувањето“ на Гвардиола е доказ дека и самиот не знае што се случува

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Резултатската криза на Манчестер Сити е изненадување на европската фудбалска сцена, па со тоа и топ тема изминативе недели.

Пеп Гвардиола е сигурен дека ќе најде решение во тешките моменти за актуелниот англиски шампион, но искусниот Мирчеа Луческу смета дека неговиот колега овојпат е многу позагрижен во споредба со претходните слични, но не толку критични ситуации.

– Кутар Гвардиола, гледате ли како можат да влијаат поразите понекогаш.

– Кога сте навикнати на успеси, делува како катастрофа кога ќе загубите толку натпревари по ред.

– Мислам дека „самоказнувањето“ на Гвардиола покажува дека се уште не може да разбере што се случува. Тој е исцрпен, а неговите потези се потврда дека се чувствува немоќно и не знае како да го реши проблемот.

– Според мене се работи за психолошки проблем, фудбалерите ја загубија самодовербата и Гвардиола мора да работи на овој аспект. Но, притисокот е многу голем, Пеп е опседнат со трофеи и затоа на Сити му е многу тешко да излезе од оваа криза, – изјавил актуелниот романски селектор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни