Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луческу нема добра прогноза за Барселона: После трите меча во ЛШ, можам да кажам само едно

Објавено

на

Мирчеа Луческу не криеше дека Барселона ја заслужи победата на „Камп Ноу“ против неговиот Динамо Киев, но искусниот романски стручњак кој повеќе од една деценија успешно го водеше Шахтјор Доњецк, си даде за право да излезе со заклучок кој нема да им се допадне на фановите на каталонскиот гигант.

Лучески направи прогноза за тоа каде ќе заврши Барселона во групната фаза во Лигата на шампионите, без оглед на остварената минимална победа над Динамо која ја враќа во игра за пласман во осминафиналето.

Според Мирчеа, Баерн е класа за себе во овој момент споредувајќи го со Барса, но смета дека Бенфика е исто така подобар тим и ќе заврши втор во групата.

– Баерн игра неверојатно, но вистината е дека Бенфика игра многу добро. После трите меча со сите три тимови, можам да кажам само едно. Ќе биде многу тешко Барселона да се најде во осминафиналето, не гледам како би се случило тоа.

– Вистина е дека Барса се уште има добри поединци и играчи, но кога излегуваат заедно на теренот, уште во првите минути сфаќате дека нешто им недостасува, – изјави Луческу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни