Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЛШ започна со големо изненадување: Јанг Бојс со пресврт до победа над Јунајтед во Берн (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Јанг Бојс го направија првото големо изненадување во новата сезона во Лигата на шампионите.

Најдобриот швајцарски состав се избори за сензационален резултат против премиерлигашот Манчестер Јунајтед и тоа со пресврт во второто полувреме. Се започна добро за „црвените ѓаволи“ кои поведоа со 1-0 со голот на Роналдо во 13 минута.

Ова за Кристијано беше погодок против 36 различна екипа во ЛШ со што се израмни со Лионел Меси и тоа во 177 настап со што дојде рамо до рамо со досегашниот рекордер Икер Касилјас.

Меѓутоа во 35 минута Ван Бисака направи голема глупост и заработи црвен картон по кој четата на Солскјер потона во Берн. Токму Солскјер повлече некои потези со кои Јунајтед максимално се повлече и му ја препушти играта на противникот кој знаеше тоа да го искористи.

Се играше 66 минута кога Нгамелеу израмни на 1-1 за да во 95 по една катастрофална грешка на Лингард домаќините преку Сибачеу се изборат за триумф и големи три бода.

На втората средба Севилја и РБ Салцбург одиграа без победник 1-1. Четири пенали беа досудени во првиот дел, два од нив беа реализирани за 1-1. Во вториот дел мрежите мируваа иако Севилја од 50 минута играше со играч помалку по исклучувањето на напаѓачот Ел Несири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни