Лига на шампиони
ЛШ: Вила го нокаутираше Бриж за десет минути, Арсенал со реми до четвртфинале (Видео)

Астон Вила и Арсенал го потврдија пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ќе ја бранат честа на англиските екипи во продолжението од најелитното европско натпреварување.
Вила долго време имаше фудбалер повеќе против Бриж, а предноста ја искористи во периодот од 50 до 61. минута, во кој Асенсио постигна два, а Матсен еден гол, па составот на Унај Емери го реши победникот во натпревар кој и заврши со тие погодоци, односно резултат 3:0.
Головите можете да ги видите ТУКА
Арсенал ја заврши работата во двомечот со ПСВ уште на средбата во Холандија, а на рутинскиот реванш можеше да си дозволи и реми (2:2) против осминафиналниот ривал.
Зинченко и Рајс носеа предност за „топчиите“, но Перишиќ и Дриух израмнуваа за ПСВ на денешниот дуел.
Астон Вила во четвртфиналето ќе се соочи со ПСЖ, додека Арсенал за противник ќе го има подобриот од градското дерби меѓу Реал и Атлетико Мадрид.
Головите можете да ги видите ТУКА
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!