Лига на шампиони
ЛШ: Дејвис го спаси Баерн од продолжение, Аталанта не успеа да направи чудо во вториот дел (Видео)

Баерн Минхен, Клуб Бриж и Бенфика го комплетираа списокот патници во осминафиналето на Лигата на шампионите од денешните плејоф реванши во најелитното европско натпреварување.
Трите натпревари донесоа голема драма по која само Бриж како гостинска екипа стигна до голема победа и пласман во следната рунда.
Белгијците имаа неверојатно прво полувреме во кое поведоа со 0:3 со головите на Талби (2) и Јутгла. Сепак, Аталанта не се предаде и уште во првата минута од вториот дел, резервистот Лукман успеа да намали на 1:3.
Подоцна Лукман имаше голема шанса да донесе вистинска драма, но не реализираше пенал во 61. минута, па до крајот немаше ниту еден гол во Бергамо, каде Толои доби директен црвен картон во редовите на Аталанта.
Головите може да ги видите на следниот ЛИНК
Баерн Минхен се мачеше против Селтик до 94. минута, кога Дејвис успеа да израмни на 1:1 и со тој погодок го одведе Баерн во осминафиналето. Шкотскиот клуб водеше од 63. минута со голот на Кун и за неколку секунди испушти продолжение во Минхен.
Головите може да ги видите на следниот ЛИНК
Бенфика и Монако одиграа 3:3 на натпревар на кој гостите два пати имаа водство и се закануваа со продолжение, но Бенфика успеа да израмни вторпат и со реми избори осминафинале.
Головите може да ги видите на следниот ЛИНК
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет14 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!