Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЛШ без македонски тим, Митревски ги дозна своите ривали во групната фаза (Фото)

Објавено

на

После долги години, ракометната Лига на шампиони ќе стартува без македонски тим, но затоа ќе имаме еден наш претставник во репрезентативниит голман, Никола Митревски.

Чуварот на мрежата на Порто и неговите соиграчи ова попладне ги дознаа противниците кои ќе ги имаат во групната фаза, откако се најдоа во Групата А.

Порто го избегна актуелниот првак Барселона и вицешампионот Кјелце, а како фаворит во групата А влегува составот предводен од Раул Гонзалес, моќниот ПСЖ.

Покрај ПСЖ, во групата А уште се Магдебург, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк и Загреб, тимови со кои Порто може да се носи и надигрува.

Според квалитетот, повозбудливата треба да биде групата Б, бидејќи Барса и Кјелце повторно се фаворити, а тука се уште упата Б ќе играат ПИК Сегед, Целје, Кил, Нант, Алборг и Елверум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни