Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЛШ: Аталанта испорача „петарда“ во мрежата на Штурм, Монако ја совлада Астон Вила (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Зимската пауза во Лигата на шампионите од оваа сезона не значи крај на возбудувањата во групната фаза, бидејќи според новиот формат, завршните две кола се играат на стартот на Новата година.

Возбудувањата во најелитното европско натпреварување продолжија оваа вечер со два натпревари во терминот од 18:45 часот, а во двата дуели видовме победи на домашните екипи.

Аталанта влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Штурм Грац и успеа да избие дури на третото место на табелата, додека Австријците остануваа во долниот дел од табелата и сега немаат ниту математички шанси за бараж.

Италијанскиот тим ја најави победата со голот на Ретеги во првиот дел, но избраниците на Гасперини беа посебно расположени во вториот во кој дадоа дури четири голови. Пашалиќ, Де Кетеларе, Лукман и Брешианини ги поставија конечните 5:0 во Бергамо, а победа во истиот термин оствари и Монако.

Францускиот тим на домашен терен славеше против фаворизираната Астон Вила, а одлучувачки момент беше голот на Зинго уште во раната фаза од натпреварот.

Головите од Бергамо погледнете ги ТУКА

Голот на Зинго погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни