Ловрен: Загубивме на многу глупав начин

lovren-anglija

Дејан Ловрен не го криеше незадоволството по поразот на Хрватска од Франција. Тој е депримиран поради начинот на кој „коцкестите“ останаа без светската титула, нешто што вели дека ќе остави печат на сите актери во финалето.

– Херојски паднавме, гиневме на терен, дури и кога беше 4:1, не се откажувавме. Некој мора да загуби, но ние загубивме на многу глупав начин, ова ќе не прогонува до крајот на животот.

– Сепак, настапот беше повеќе од позитивен, на радост и на фановите, но и за задоволство на селекторот Далиќ, – истакнал Ловрен.

Facebook Коментари