Англија
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
Мохамед Салах е една од трите големи ѕвезди на Ливерпул која останува без договор на крајот на оваа сезона, ситуација која дефинитивно е незгодна за премиерлигашот кој засега нема соодветен одговор ниту за напаѓачот, ниту за случаите на Вирџил Ван Дајк и Трент Александер Арнолд.
Најдиректен од оваа тројка кога е во прашање иднината дефинитивно е Салах кој во неколку наврати посочи дека е многу поблиску до заминување откако до останување на „Енфилд Роуд“. Ова го потврди и неговиот добар пријател Дејан Ловрен кој исто мина шест години во дресот на „црвените“.
-Сè уште сме во контакт. Разговараме одвреме-навреме. Морам да внимавам што зборувам сега, бидејќи знам многу работи. Искрено, не ги знам точните бројки, но што и да бара, мислам дека го заслужува. Едноставно е, овој човек си ја врши работата на теренот.
-Не гледајте на неговите години, некои ќе речат дека ќе има 33 години, но погледнете го Роналдо, тој има 40 години и уште игра. Мо Салах сè уште постигнува голови, тој е во одлична физичка и психичка форма. Тој сè уште игра за репрезентацијата, па што е проблемот? Тој е седум или осум години помлад [од Роналдо]. Па што е проблемот со Салах? Никој не може да најде одговор, затоа ми е тешко. Можам да зборувам подетално. Салах верува дека недостигаат работи од клупската страна и се надевам дека наскоро ќе се решат. Но, сегашната реалност е дека тој е поблиску до заминување отколку да остане.
-Сите сакаат да остане, јас лично сакам да остане. Еден ден му се јавив и му реков: „Мо, треба да размислиш за себе. Погледни што му даде на овој клуб и што сè уште можеш да му дадеш. На крајот дојдов до заклучок дека клубот не го почитува доволно, или барем не толку колку што тие мислат дека заслужуваат, но тоа е друга страна на приказната, се работи за она што се случува зад сцената.
-Секој може да се согласи кога ќе ги погледне бројките, нема играч кој ја има статистиката како Салах, не само оваа сезона, туку последните 5-6 сезони по ред, не се само неверојатни бројки, туку се луди. Мислам дека тој не добива доволно внимание и покрај овие бројки, затоа што да беше Меси или Роналдо, секој ден ќе гледаме разговори за тоа зошто не му беше обновен договорот и зошто не му беше упатена вистинската понуда, но за жал, мислам дека Салах не го добива ова внимание, -вели Ловрен кој смета дека Мо може да заврши во Саудиска Арабија.
-Тој го сака Ливерпул, многу го сака Ливерпул. И сака да остане, тоа е најважниот дел. Можеби се гледа себеси како се пензионира таму, не сум сосема сигурен во тоа, но на крајот не се работи за оние околу него, туку за останатите луѓе. Ако замине, да, зошто да не? Како што знаете, саудиската лига почнува да станува поконкурентна. Мислам дека ако Мо отиде таму, тој ќе биде една од најголемите ѕвезди, тоа ќе биде огромен маркетиншки бум за лигата, а тој дефинитивно ќе привлече некои фанови со него, па да почекаме да видиме што ќе се случи, -порача Хрватот.
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)