Поврзете се со нас

Англија

Ловрен за отсуството на Салах од идеалниот тим: Му недостасува една работа…

Објавено

на

Дејан Ловрен одамна не е член на Ливерпул, но реагираше на социјалните мрежи поради, според него неправедниот потег на ФИФА во однос на изборот на најдобар состав за претходната 2021 година.

Ловрен остана голем пријател со Мохамед Салах, кој му беше меѓу најблиските соиграчи додека настапуваше на „Енфилд“, а денеска на својот Твитер профил ја потенцираше зачуденоста од одлуката на ФИФПро и ФИФА.

– Повторно нема место за Мо Салах во најдобрите единаесет на ФИФПро?

– Луѓето кои го разбираат фудбалот знаат дека заслужува да биде таму. Што треба за да се случи тоа? Можеби да добие европски пасош, – вели Ловрен.

Салах беше трет во рангирањето за индивидуалното признание, но во идеалниот тим се најдоа Левандовски, Меси, Роналдо и Халанд.

Агентот на Бензема со жестока порака: Фудбалот одамна не е приоритет на ФИФА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни