Ловрен стана дел од „црната листа“: Десетте најголеми губитници во историјата на фудбалот (Видео)

lovren-zali

Дејан Ловрен имаше феноменални изданија на мундијалот и со самото тоа ја потврди фантастичната форма со која ја завши кампањата во Ливерпул, но покај тоа што ќе биде горд на остварениот успех со хрватската фудбалска реперзентација, сепак стоперот на „коцкестите“ со учинокот од оваа сезона ќе остане запаметен како еден од најголемите губитници во историјата на фудбалот.

Причина за тоа е една „црна листа“ која ги прогонува фудбалерите низ историјата, а дел од таа сега стана и Ловрен кој стана само десеттиот фудбалер во историјата кој во една година загубил во едно големо финале во Лигата на шампионите и во финале на Светско првенство.

Таканаречената „проколната листа“ започнува со Линдхом кој загуби со Милан и Шведска во најважните финалиња во 1958 година, Брајтнер и Румениге се големите „малери“ од 1982 година, Невил со Германија и Леверкузен загуби во двете големи финалиња во 2002 година, истото важи и за Рамелоу и Шнајдер, потоа следи Тјери Анри со порази во 2006-та како член на Арсенал и Франција, а пред Ловрен со кој се затвора овој круг, уште се и Арјен Робен и Марк Ван Бомел со претрпените порази во финалињата во 2010 година.

Facebook Коментари