Франција
Ловрен: Ова не е нормален живот, стравувам за себе и за моето семејство

Дејан Ловрен и неговите соиграчи од Лион доживеаа многу непријатна ситуација во неделата на патот кон „Велодром“ каде требаа да го одиграа дербито со Олимпик Марсеј.
Автобусот на Лион беше каменуван од страна на хулигани, поддржувачи на Марсеј, а најдебелиот крај го извлече тренерот Фабио Гросо. Ова дефинитивно беше голем шок за екипата, ситуација која дефинитивно уште долго ќе ја паметат и за тоа говори сведошството на Ловрен кој беше во автобусот.
-Се уште сум во шок, немам спиено многу. Сум доживеал секакви работи во кариерата, но никогаш вакво нешто. Буквално не гаѓаа со камења и кога ги искршија речиси сите стакла почнаа да фрлаат со шишиња и за жал го погодија тренерот во глава. Му го расекоа пола лице, мислам дека има 12 конци. Мислам дека потоа ни фрлаа и бакљи, не знам затоа што моравме да лежиме доле, не знаевме што ќе долета, -вели Дејан за РТЛ.
-Ако нешто не се смени, законот, следниот пат може се да биде. Вакви работи не постоеја кога бев тука пред 13-14 години, ова е тотално лудо. Неодамна сакаа да влезат во мојот стан иако живееме во безбедна зграда. Еден човек сега стои пред мојот стан и имаме обезбедување во зградата. Ова не е нормален живот, се чувствувам како да живеам некаде далеку на исток, а не во Европа. Да, се чувствувам несигурно за себе и за моето семејство и воопшто не се чувствувам удобно. Го гледам секој чекор за да видам дали нешто ќе се случи, грабежите се постојани и нешто итно треба да се промени, -додеде искусниот стопер.
Ловрен по каменувањето на автобусот на Лион: Ова веќе нема никаква врска со фудбалот!
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)