Поврзете се со нас

Англија

Ловрен го истрола Салах за сите пари: Изненаден сум од тоа што си го направил, обично си многу „стиснат“ (Фото)

Објавено

на

Вчера вистински хит на социјалните мрежи стана една објава на еден обичен граѓанин од Ливерпул, кој на јавноста и откри дека Мохамед Салах имал еден мал, но фантастичен гест до сите оние кои заедно се нашле со него на бензинска станица.

Веродостојноста на информацијата ја потврди и Дејан Ловрен преку својот официјален Твитер профил, но Хрватот не пропушти шанса да го истрола својот соиграч.

Всушност, Египќанецот со симболичен гест покажа голема класа и им ги платил сметките на сите потрошители кои се нашле со него на исто место, а додека сите фудаблски фанови останаа воодушевени од неговиот потег, се истакна и стоперот на Ливерпул.

Ловрен важи за играч кој има најблизок и најпријателски однос со напаѓачот на „црвените“, а како човек кој постојано се шегува со Мо, сега одлучи да го истрола на социјалните мрежи.

– Слушнав дека Мо Салах пред неколку дена им го платил горивото на сите кои биле на станицата. Фантастичен гест. Но, ќе платиш ли еднаш кафе за мене? Обично си многу „стиснат“ и изненаден сум од ова што си го направил. Како и да е, секоја чест…..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни