Италија
Лотито за потенцијалното финале со Рома: Ако добро се сеќавам…

Лацио и Рома се два жестоки ривали од Италија, два клуба од ист град кои играат на ист стадион, па едно нивно европско финале би било вистински спектакл.
Имено тоа е возможно оваа сезона во Лига Европа, натпреварување во кое двете екипи забележаа победи над Плзен и Атлетик Билбао во првите мечеви од осминафиналето, па ако ја минат оваа рунда и потоа бидат успешни во четвртфиналетото и полуфиналето, тогаш можат да се соочат на 21 мај на „Сан Мамес“ во Билбао.
Околу ова потенцијално сценарио се огласи претседателот на лацијалите со порака во негов стил.
-Дали се плашам од европско финале против Рома? Не се плашам од ништо. Ако добро се сеќавам, имаше финале на Копа Италија на 26 мај [2013] во кое Лацио беше главниот лик на теренот и го освои престижниот трофеј. Ако слично сценарио треба да го доведе италијанскиот фудбал во центарот на вниманието и да придонесе за подобрување на рангирањето, тогаш нека биде, -рече Лотито кој порача декка неговиот тим мора да оди меч по меч затоа што има обврски и во Серија А.
-Во моментов, не треба да одиме пред себе, да видиме до каде можеме да одиме. Треба да останеме концентрирани и да одиме натпревар по натпревар, -порача првиот човек на Лацио.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот