Италија
Лотито за најголемата ѕвезда на Лацио: Нема да го присилам да остане

Клаудио Лотито е незаменлив како прв човек на Лацио и ја извршува оваа улога речиси две децении, а како претседател на клубот ги носи и најважните одлуки на трансфер пазарот.
Лотито секогаш го има последниот збор кога е во прашање ангажман на било кој играч во првиот тим, но истото важи и за играчите кои си заминуваат од „Олимпико“.
Сергеј Милинковиќ Савиќ со години е најголема ѕвезда на Лацио и досега одолеа на сите понуди кои му стигнаа на адреса, но ова лето е најблиску до заминување бидејќи важечкиот договор му истекува за 12 месеци.
Доколку не стави потпис на нов договор, Лацио ќе биде приморан да го продаде, а тоа меѓу редови го потврди и Лотито во интервјуто за „Газета“.
– Јас не би го продал Сергеј, се обидувам да му го продолжам договорот, но за да се случи тоа, потребна е желба од двете страни. Лацио не е во ситуација да мора да продава, за да добие засилувања на трансфер пазарот. Ако некој си оди, тоа нема да биде поради тоа што ни требале пари.
– Сите одлуки се разгледуваат, но јас никој нема да присилам да остане во клубот. Лацио ќе биде засилен ова лето и тоа е нашата стартна точка. Ќе дојдат играчи кои ќе бидат функционални за првиот тим и ќе имаме поширок ростер, – вели Лотито.
-
Шпанијапред 12 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Англијапред 24 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Италијапред 24 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)
-
Англијапред 16 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 13 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 15 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно