Поврзете се со нас

Италија

Лотито за човекот кој заработи отказ од Лацио: Тој може да претставува бордел, а не нашиот клуб

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио без размислување го отпушти човекот кој беше задолжен за нега и дресура на орелот кој е заштитен знак на „Олимпико“, па во ситуација кога верните навивачи на некое време ќе останат без својата гордост на домашните натпервари, претседателот Клаудио Лотито реши да даде поопширно објаснување за жестоката одлука која ја донел.

Хуан Бернабе беше експресно отпуштен од страна на првиот човек на клубот поради скандалот кој изби околу неговото име, откако неколку римски медиуми открија дека тој објавувал недолични и контроверзни фотографии на социјалните мрежи, прикажувајќи ја својата „гордост“.

Шпанецот на големо се фалел дека вградил имплант на својот полов орган и исто така нагласил дека ужива во сексуланите односи во шестата деценија од животот, а сите овие тврдења на крајот направија да заработи отказ, исто како и урологот кој му го извршил зафатот.

– Нема прошка за Бернабе и покрај тоа што со години беше вработен во клубот. Зарем му се простува на некој кој убил човек? Јас сум во фудбалот 20 години и секогаш се оградувам од некои работи во општеството. Сакам во фудбалот да гледаме едноставни и етички работи. Нашите верни навивачи исто така имаа транспарент со кои го искажаа незадоволството и нависитна ми е мило за тоа.

– Човек како него утре ќе треба да ги поздравува нашите деца….. Ни направи штета, но брзо сфативме дека тој и урологот го загубиле умот. Докторот го искористи Бернабе за да се покаже, па и двајцата заработија откази. Секој кој ќе ги наруши нашите етички протоколи, мора да си замине од клубот. Бернабе отворено велел дека има полов однос со повеќе жени истовремено. Како може тој да го претставува општеството, или да го претставува Лацио? Тој може да претставува само бордел, а не Лацио, – вели Лотито.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни