Италија
Лотито со јасна порака до незадоволната ѕвезда: Ако сака да си оди, нека ги донесе парите!
Луис Алберто најави дека повеќе не сака ниту едно евро плус од Лацио и бара само да си замине од клубот ова лето, но желбите на фудбалерот се едно, а барањата на клубот нешто сосема друго.
Шпанецот минатото лето стави потпис на нов договор и доби покачување на платата какошто сакаше, а неполна година подоцна, сега бара од клубот да го ослободи без обесштетување.
Клаудио Лотито е надалеку познат како тежок преговарач и во овој момент не ни помислува да му ја исполни желбата на фудбалерот, за кого испрати и порака преку италијанските медиуми.
– Се што произлезе од случајот Луис Алберто, дојде поради самиот фудбалер. Има важечки договор, ако сака да си оди, треба да ги донесе парите кои ги бараме за него.
– Нема да му дозволиме да си замине гратис какошто побара јавно. Има уште еден клуб кој е во игра ако направи трансфер, бидејќи ние треба да исплатиме процент за негово заминување, – изјави Лотито, потсетувајќи дека Ливерпул задржа 25 проценти од правата од идната продажба на Алберто.
Како што информираат медиумите, Шпанецот во овој момент има важечка понуда од Саудиска Арабија, но сепак ќе мора да ги убеди Арапите да извадат пари и за Лотито и Лацио, доколку на крајот сака да си ја исполни својата желба.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија23 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија16 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија24 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…