Поврзете се со нас

Италија

Лотито: Ова не е победа на Лацио, ова е победа за италијанскиот фудбал

Објавено

на

Серија А доби зелено светло за рестарт на 20 јуни, а тоа најмногу го израдува првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој постојано инсистираше за тоа да се заврши оваа сезона во Италија која поради пандемијата со коронавирусот беше прекината, суспендирана во месец март.

Според Лотито ова не е победа за Лацио, туку за целиот италијански фудбал.

-Ова не е победа за Лацио, туку за целиот италијански фудбал. Сигурен сум дека со ова рестартирање, нашиот фудбал ќе може да го одржи покачениот стандард за квалитет кој е признат низ целиот свет. Серија А е една од најважните лиги во спортот, -порача претсетседателот на клубот од Рим.

Лацио по 26 кола е на второто место на табелата со само еден бод помалку од лидерот Јувентус, па токму ова, борбата за пехарот беше главната причина што лацијалите сакаа да се заврши оваа кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни