Италија
Лотито објасни што се случило со Мурињо во подтрибинскиот простор на „Олимпико“: Никогаш не му кажав…

Лацио ја победи Рома со 1-0 во големото римско дерби, а кога се соочуваат овие две екипи секогаш има препирки пред, за време и по натпреварите, па така беше и овојпат на „Олимпико“.
Беа доделени три црвени картони, еден за време на средба и два по последниот судиски свиреж, но драмата тука не застанала затоа што во подтрибинскиот простор соочување имале претседателот на лацијалите, Клаудио Лотито и тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.
Дел од медиумите пренесоа што се случило и каков разговор имало меѓу Лотито и Мурињо за да сега Клаудио ја каже својата верзија на приказната.
-Го прославив дербито како и секој друг момент, натпреварите се добиваат и се губат, но има големо задоволство од тимот и поддршка од навивачите. Јас сум за почит. Не изговорив зборови, видов препирка меѓу еден од моите играчи и играч на Рома. Едно работа што не беше добра за мене е што играч на Рома беше целосно гол во ходникот.
-Јас застанав и Мурињо почна да вика „Што гледаш“? Си помислив дека не знае дека сум претседателот на Лацио, тоа му го нагласив, тој продолжи. Никогаш не му кажав дека не може да биде таму, само кој сум јас. Не се расправавме затоа што не се расправам со никого, тоа е проблем на улоги што треба да се почитуваат. Натпреварот беше Лацио против Рома, Рома беа гости. Се чини дека гостинот доаѓа во вашата куќа и се однесува на одреден начин, -истакна Лотито за „Радио 1“.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)