Поврзете се со нас

Италија

Лотито испрати јасна порака за иднината на Милинковиќ-Савиќ: Сигурно нема…

Објавено

на

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е највредниот играч на калчолигашот Лацио во овој момент и како што се ближи крајот на сезоната повторно се говори за неговата иднина и дали тој ќе остане во италијанската престолнина.

Тој е во Лацио од 2015 година и како што минуваше времето се повеќе се наметнуваше, напредуваше и денеска заедно со Чиро Имобиле се клучни играчи на лацијалите. Со оглед на неговите изданија тој е интересен за повеќе екипи од Италија и Европа, па останува отворено прашањето дали може да направи промена на клупската средина ова лето и тоа пред престојното Светско првенство во Катар.

Неговиот договор е со важност до 2024 година, а во целата приказна е важен и претседателот Клаудио Лотито кој е познат по тоа што не сака да се откажува од своите играчи или им поставува висока цена. Токму Лотито испрати една кратка порака која се однесува пред се на Јувентус кој се споменува како потенцијална дестинација за Србинот.

-Сергеј не е на продажба и сигурно нема да му се приклучи на Јувентус, -истакнал Лотито кој е цитиран од „Тутоспорт“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни