Поврзете се со нас

Италија

Лотито: Го променив менталитетот на Лацио

Објавено

на

Калочолигашот Лацио по долго време е во позиција да се бори за пехарот во Серија А, а за тоа дефинитивно големи заслуги има првиот човек на клубот Клаудио Лотито.

Лотито успеа од самото дно да го крене Лацио и постепено да го враќа при самиот врв на италијанскиот фудбал за да годинава клубот од Рим биде рамо до рамо со актуелниот првак Јувентус (63/62).

-Моравме да го промениме целиот менталитет. После долг период на стагнација, фудбалерите конечно почнаа да бидат свесни дека се дел од еден од најважните клубови, дека можат да нè изберат затоа што ние сме едни од најдобрите, со модерна структура.

Се обидувам да дадам се од себе. Нашите фанови мора да бидат горди. Затоа морав да направам радикални промени, -порача Лотито.

Лацио под водство на Лотито има три пехари во Купот и три трофеи во Супер Купот на Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни