Поврзете се со нас

Италија

Лотито го потврдил новиот тренер на Лацио

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио неочекувано остана без тренер само три месеци по назначувањето на Игор Тудор, но членот на Серија А реагираше експресно и веќе го договори наследникот на Хрватот.

Италијанските медиуми неколку дена шпекулираа дека најблиску до позицијата е Марко Барони, a претседателот Клаудио Лотито тоа го потврдил во интервјуто за „Ил Месаџеро“.

– Постигнат е договор со Верона, Барони ќе биде нов тренер на Лацио.

– Сметаме дека е вистински профил за нашиот клуб, – истакнал Лотито.

Барони се наметна откако обезбеди опстанок за Верона, па сега ќе добие шанса во клуб со многу поголеми амбиции.

Претходно, Тудор реши да поднесе оставка откако имал различна визија со раководството околу трансфер политиката, а тој во текот на сезоната го замени Маурицио Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни