Поврзете се со нас

Италија

Лотито бесен по контроверзното дерби на Лацио: Ова беше изнуден пораз

Објавено

на

Лацио загуби од Милан на домашен терен и го заврши натпреварот со тројца играчи помалку, а одлуките на судијата Марко Ди Бело очекувано предизвикаа многу контроверзи и реакции на италијанската фудбалска сцена.

Пелегрини, Марушиќ и Гендузи не го дочекаа крајот на средбата на теренот на „Олимпико“, а Окафор постигна гол во финишот за триумф на гостите, за актерите на теренот да предизвикаат нов инцидент и по последниот свиреж на судијата.

Тренерот Маурицио Сари не се појавил пред камерите за вообичаената изјава, но затоа тоа го направил претседателот Клаудио Лотито, кој грмел пред новинарите на „Скај Италија“.

– Денеска не беа почитувани правилата и фер плејот, ова беше изнуден пораз, ние ќе се обратиме кон соодветните институции и ќе кажеме што имаме. Помината е црвената линија и затоа е потребно да има друга институција која ќе ги утврди грешките и зошто истите се направени.

– На сите им е јасно што се случуваше и секој кој е објективен може да направи реална проценка. Ова не е првпат да се случуваат вакви работи, тоа се однесува и на други клубови, треба да се осигураме дека ќе има „трета институција“ која ќе се погрижи околу евалуацијата дали ова е коинциденција или не, – рекол Лотито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни