„Лошото момче“ Ламар Одом ги трогна фановите со пораката за Коби: Утре ќе станам во четири часот наутро….(Фото)

odom-kobi

Големите кошаркарски фанови и сите НБА ѕвезди за последен пат се простуваат од Коби Брајант, легендарниот играч на Лос Анџелес Лејкерс кој вчера во катастрофална хеликоптерска несреќа трагично го загуби својот живот на 41-годишна возраст.

Покрај Коби, во големмата несреќа згаснаа уште осум животи, а една од жртвите и 13-годишната ќерка на Брајант, популарната Џиџи за која се веруваше дека е вистинскиот наследник на „црната мамба“ во кошарката. Младата Џиана тренираше кошарка и таа и нејзиниот татко ги загубија животите во кобниот лет со кој требаше да стигнат до Академијата за да го одработат стандардниот тренинг, а во моменти на огромна тага, без престан се редат емотивни објави на социјалните мрежи.

Една од оние кои посебно трогнуваат ја напиша „лошото момче“ Ламар Одом, контроверзната ѕвезда која ја делеше соблекуваната со Коби.

– Овие фотографии се само врв на ледениот брег на нашиот однос. Ме научи толку многу потребни работи, на теренот и надвор од него. На теренот ме научи како да креирам одбрана, да го чекам моето време и како победата да биде моја конечна цел. Надвор од теренот, ме учеше како и кога да ги потпишувам моите чекови. Секој што ме познава, знае дека имав многу загуби, но единствената која можам да ја споредам со оваа загуба е загубата на мојот син. Мило ми е што бев јинг во твојот јанг во соблекувалната. Јас мислев дека ти ќе бидеш единствениот кој ќе преживее во хеликоптерска несреќа, се надевав дека ќе скокнеш и ќе застанеш на нозе. Се уште чекам медиумите да излезат со информација дека станува збор за грешка, верувајќи дека Бог не можеше толку рано да го земе мојот брат. Знам дека минав низ мои работи во животот земајќи дрога и дека не бев добар кон самиот себеси. Кога бев во кома, ако Бог дојдеше кај мене и ми кажеше дека ќе ме земе, а дека ќе му прости на Коби, ќе го изберев тоа. Во чест на мојот брат, утре ќе се разбудам во четири часот наутро и ќе одам во теретана. Џиџи отиде со тебе за да ти мести забивања, те сакам брату, – гласи емотивната порака на Одом.

View this post on Instagram

These picture are just the tip of the iceberg of our relationship. He taught me so many things in life that were necessary on and off the court. On the court he taught me how to carve out defenses and how to take my time. How to make winning my ultimate goal. Off the court he taught me to sign my own checks lol. Of course anyone who knows my story knows I’ve suffered a lot of loss but the only loss I can compare this to is when I lost my son. Even though our relationship wasn’t father/son, it was more like him being a teacher and me being his brother. I’m glad I got to be the ying to your yang as far as the locker room was concerned. It was my pleasure. I couldn’t even catch my breath today when I heard this news. I just knew if he was in a helicopter crash he would have been the one to survive. Somehow he would have jumped out and landed on his feet. I’m sitting here thinking about when we would be in practice scrimmaging and you would start the jump ball off with elbowing Sasha in the chest. Like dude it’s 10:30 in the morning lol. You think watching him play was crazy, you gotta think in practice if you scored like 8-9 buckets throughout the practice you had a great practice. I’ve seen him knock off 13-14 in a row in practice!!!! I’m still waiting for the media to come out and say wrong report. No way God took my brother this early. I know I been through my own stuff in life with using drugs and not being good to myself. When I went through that Coma situation if God would have came to me and said we would take me and spare Kobe I would have rather that happened. In honor of my brother I’m up at 4am tomorrow to get to the gym! Gigi gone give you buckets!!!! I love you brother 💔🙏🏿😥 @kobebryant

A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) on

Facebook Коментари