Поврзете се со нас

Свет

„Лошото момче“ ќе го менува Суарез во Гремио (ФОТО)

Објавено

на

Foto: Lucas Uebel / Grêmio FBPA

Луис Суарез ја заврши приказната со Гремио и премина во редовите на Интер Мајами каде ќе соработува со добро познати имиња како Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Ова значеше дека бразилскиот прволигаш ќе мора да побара нов напаѓач, а изборот падна врз некогашниот член на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Коста.

Коста е познат како „лошо момче“, играч кој низ кариерата има направено потези со кои често се наоѓал во фокусот на вниманието, ама во исто време е фудбалер кој кога е фокусиран знае да направи разлика, дава голови и помогне да се освојуваат пехари како што тоа го правеше во Атлетико и Челси.

Договорот е до крајот на 2024 година секако под услов успешно да ги мине лекарски прегледи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни