Поврзете се со нас

Англија

Лошите резултати си го направија своето: „Волците“ ќе добијат нов менаџер

Објавено

на

foto: twitter.com/Wolves

Уште еден клуб од Премиер лигата е на добар пат да направи промена на тренерската позиција, а тоа овојпат е составот на Вулверхемптон.

Иако клубот се уште нема излезено со официјална потврда и вест во јавноста, секогаш добро информираниот „Би-Би-Си“ пренесува дека Гери О’Нил е веќе минато за „волците“. Клубот од „Молињу“ ја донел оваа одлука по вчерашниот пораз од Ипсвич на домашен терен, пораз број 11 во 16 натпревар во англискиот шампионат.

Вулверхемптон е претпоследен на табелата со само 9 освоени бода, четири помалку од последниот тим кој е безбеден, над цртата-Кристал Палас.

О’Нил го водеше Вулвс во текот на сезоната 2023/2024, сезона која беше завршена на 14. место. Ова за Гери беше второ менаџерско искуство, претходно го водеше Борнмут.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни