Поврзете се со нас

Репрезентација

Лоши временски услови ја одбележаа завршната подготовка пред Хрватска (Видео)

Објавено

на

Благоја Милевски и Александар Трајковски направија официјална најава за утрешниот меч против Хрватска во Ријека, по што следеше официјалниот завршен тренинг за пријателската средба.

Македонските фудбалери ги добија последните инструкции од селекторот за тоа како треба да излезат на мегдан со една од најсилните репрезентации во светот, но за крај добија и „студен туш“ од природата.

Невремето кое ја зафати Ријека на крајот направи нашите фудбалери да имаат отежнати услови за тренинг, нешто што според прогнозата може да се повтори и утре за време на мечот.

Фото:ФФМ

Фото:ФФМ

Ако биде така, ова беше добра подготовка за тоа што ќе следи на Рујевица, стадион на кој утре ќе стартува мечот во 19:00 часот.

Натпреварот против Хрватска е првиот од двете предвидени контролки во месец јуни, бидејќи по гостувањето во Ријека, потоа експедицијата се сели во Храдец Кралове каде ќе играме против Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни