Поврзете се со нас

Шпанија

Лоши вести за шампионот: Реал остана без значаен играч за наредните три месеци

Објавено

на

Реал Мадрид дојде до посакуваните три бода на вчерашното гостивање во Сан Себасијан кај Реал Сосиедад (2-0), но оваа победа беше платена со уште една повреда.

„Кралевите“ имаат доста играчи во клупската болница, односно недостапни на тренерот Анчелоти му се Алаба, Белингем, Чуамени, Камавинга и Себалјос, листа на кој сега е и Брахим Дијаз.

Офанзивецот беше активен само 25 минути против Сосиедад за да денеска стигнат првите информации за повредата. Реал потврди дека се работи за проблем со десната нова со тоа што клубот не посочи за тоа колкава пауза ќе мора да направи Мароканецот, но медиумите пренесоа дека ќе биде во „аут“ дури три месеци.

Брахим не е првотимец, ама е значен фудбалер од клупата кој знае да донесе динамика, свежина и дефинитивно неговото отсуство е хендикеп за актуелниот европски и шпански шампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни