Италија
Лоши вести за Рома, Дибала оди „под нож“: Ќе ме нема некое време на терените…

Рома игра навистина квалитетно и сигурно под водство на Клаудио Раниери, но во продолжението од сезоната останува без еден од најдобрите играчи Пауло Дибала.
Дибала предвреме го заврши натпреварот со Калјари, меч за кој беше под знак прашалник и на крајот одигра само 12 минути. Тој веќе некое време не е максимално фит, подготвен и последнава повреда ќе му донесе операција која ќе го оддалечи од терените некое време.
-Прво сакам искрено да ви се заблагодарам за љубовта и поддршката што секогаш ми ја давате. Откако ги добив резултатите од тестот и проценив различни опции, решив да подлежам на процедура сега за да се вратам што е можно поскоро. Иако извесно време ќе отсуствувам од терените, сакам да продолжам да ги поддржувам соиграчите од Рома во оваа клучна фаза од сезоната и да навивам за нашата репрезентација како само уште еден навивач на овие квалификациски натпревари.
-Ќе се вратам наскоро, уште посилен – ветувам. Се гледаме наскоро на теренот. Форца Рома и Вамос Аргентина, -напиша Дибала на социјалните мрежи.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија15 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…