Поврзете се со нас

АТП

Лоши вести за Новак: Тешко дека ќе дојде до посакувано сценарио за Ѓоковиќ

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ стави крај на еден лош период со освоената титула на Вимблдон, што е негов прв грен слем трофеј токму по оној кој го освои во Лондон пред точно една година.

Србинот имаше тежок крај на 2021-ва година поради поразот на Олимписките игри и во финалето на Ју-Ес Опен, но далеку поголема голгота го чекаше на почетокот на 2022-ра година поради неговиот вакцинален статус.

Иако во меѓувреме мерките малку се олабавија и одеа во негов прилог во Европа, сепак селењето на турнејата во Канда и Америка повторно му носи лоши вести, односно го остава без шанса да се бори за најголемите трофеи.

По освоениот седми трофеј на Вимблдон, Новак нагласи дека не планира да се вакцинира, а бидејќи во Канада и Америка се уште се во сила забраните за лица од странство кои се невакцинирани, полека почнаа да пристигнуваат и официјални соопштенија за српскиот тенисер.

Ју-Ес Опен се игра на крајот на месец август, но подготовките за грен слемот ќе започнат со престижниот Мастерс во Монтреал, од каде сега пристигна јасна порака.

– Ситуацијата е јасна. Или Канада ќе ги промени правилата во врска со вакцинацијата, или Ѓоковиќ ќе мора да го крене ракавот и да прими вакцина. Но, да бидам искрен, не гледам како би се исполнило ниту едно од тие сценарија. Правилата важат за сите, важат и за Ѓоковиќ, – изјавил директорот на турнирот во Монтреал, Ежан Лапјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни