Поврзете се со нас

Македонија

Лоши вести за клубот од Битола: Пелистер остана без двајца играчи по последниот меч во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер не се форсираше на последниот меч против Колстад во Лигата на шампионите, но дел од играчите кои настапија на дуелот во Норвешка заработија повреди поради кои извесно време ќе отсуствуваат од терените.

Многу тешко мина десното крило, Ненад Костески кој го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено. Тој ќе мора да оди под нож, хирушка интервенција по која ќе следи долг процес на рехабилитација. Оваа сезона за него е завршена, но не и за Павле Атанасиевиќ кој пак заработи фрактура на носната коска и ќе биде во „аут“ три недели.

Овие вести се и лоши за македонската селекција, па останува да видиме селекторот Кирил Лазаров ќе повика нови играчи за контролите со Романија.

Инаку пак Пелистер овој викенд му гостува на Тиквеш во Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни